Холандскиот гигант Ајакс официјално го објави назначувањето на Италијанецот Франческо Фариоли за нов тренер на тимот. Тој е првиот претставник на својата татковина, кој ќе биде на кормилото на холандскиот клуб.
Фариоли потпиша тригодишен договор.
„Мило ми е што сум овде во Амстердам. Заедно со луѓето во мојот штаб ќе се посветиме од срце. Сакаме повторно да се поврземе со ДНК на клубот, со цел да внесеме нова енергија со позитивен начин на работа и размислување. Свесен сум дека има многу работа, но веќе почнавме да се подготвуваме за новата сезона и да го вратиме Ајакс каде што му е местото“, коментираше 35-годишниот стратег.
Франческо Фариоли последен пат беше на чело на Ница, каде што помина една сезона, и на 38 натпревари успеа да оствари 18 победи, 10 ремија и 10 порази.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













