Connect with us

Винсен Компани ќе биде нов тренер на Баерн Минхен

Винсен Компани речиси сигурно ќе биде нов тренер на Баерн Минхен. Поранешниот репрезентативец на Белгија веќе постигна начелен договор со баварскиот клуб, но има уште неколку детали кои треба да се расчистат пред договорот да стане факт.

Шефовите на Баерн веруваат дека со Компани на кормилото може да се започне успешен проект за враќање на клубот на врвот во Бундес – лигата и во Европа.

Различни извори од Германија тврдат дека договорот со Белгиецот ќе биде потпишан во следните неколку дена. Со себе ќе го земе целиот стручен штаб со кој работи во Барнли. Англискиот клуб ќе добие солидна отштета за предвременото раскинување на договорот на младиот стратег.

Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, е движечката сила на разговорите со Компани. Токму тој притиска поранешниот дефанзивец на Андерлехт, Хамбургер и на Манчестер Сити да го наследи Томас Тухел.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови