Пауло Фонсека e изборот на Милан. Италијанскиот калчолигаш ќе го доведе Португалецот на местото на Стефано Пиоли.
Преговорите беа долги, во клубот се споменуваа разни имиња од Марк ван Бомел и Хулен Лопетеги, но, сепак, на крајот Фонсека стана прво и единствено решение.
Тој ќе го напушти Лил, со кого во последното коло од Лига 1 го испушти третото место и директен пласман во Лигата на шампионите.
Фонсека има 51 година, неговиот прв голем клуб беше Порто, подоцна ги водеше Пакош Фереира, Брага, Шахтјор, потоа и Рома две сезони пред да пристигне во Лил во летото 2022 година.
Најтрофеен беше во Шахтјор Доњецк со кој трипати беше шампион, освои три Купа, а го освои и Купот на Португалија со Брага и Суперкупот со Порто.
Фонсека ќе добие тригодишен договор и целосна доверба да изгради нов проект на „Сан Сиро“.
Милан следната сезона ќе се натпреварува и во Лигата на шампионите, а ќе мора да биде поконкурентен со шампионот Интер, па на Фонсека му претстои тешка работа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













