Реал Мадрид се обидува да го ангажира дефанзивецот на Лил, Лени Јоро. Младиот играч се смета за сигурно ново засилување на Пари Сен Жермен, но неговиот агент Жорге Мендеш е подготвен да ги заобиколи парижаните за да договори трансфер на 18-годишниот талент на „Сантијаго Бернабеу“.
Јоро импресионираше минатата сезона, со вкупно 44 настапи за Лил. Тој има договор со до 2025 година, а клубот се согласи да го продаде на ПСЖ за сума меѓу 50 и 60 милиони евра. Во договорот би можел да биде вклучен и братот на Килијан Мбапе, Итан.
Реал Мадрид исто така го следи Јоро веќе подолго време. „Кралскиот клуб“ понуди поповолни услови и за дефанзивецот и за Лил.
Шпанскиот клуб наскоро ќе го објави потписот на слободен трансфер на Килијан Мбапе, кој веќе се прости од ПСЖ. Доколку го купат и Лени Јоро, „кралевите“ ќе му нанесат нов удар на францускиот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













