Тренерот на Аталанта, Џанперо Гасперини, го пофали противникот на тимот од Бергамо во финалето на Лига Европа, Баер Леверкузен, кој сезонава нема пораз во 51 последовен натпревар во сите натпреварувања.
„Баер е навистина многу добро организиран тим. Имаат многу квалитетни играчи, не само во нападот. Тоа е одлично флексибилен тим кој добро се брани и феноменално отвора контранапади. Знаеме дека тие се силен противник, но исто така и веруваме во нашите квалитети. Во изминатиот период се соочивме со други многу силни екипи, како во Италија, така и во европското натпреварување и знаевме како да победиме“, изјави Гасперини.
Тој откри дека Мартен де Рон ќе биде со тимот и покрај тоа што нема игра во финалето во Даблин.
„Би сакал Де Рон да биде на теренот со нас. Тој не може да игра, но мило ми е што барем ќе бидеме заедно во соблекувалната. Тој отсекогаш бил примерен капитен, во однос на однесувањето и жал ни е што ќе го пропушти натпреварот, но сигурно ќе ни ја даде својата енергија“, изјави тренерот на Аталанта.
Финалето на Лига Европа меѓу Аталанта и Баер Леверкузен се игра вечерва (21 часот) во Даблин.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













