Играчот од средниот ред на Наполи, Пјотр Зиелински, напиша трогателно писмо во кое се збогува со своите соиграчи и навивачи. Тој го прочита писмото на тимот во понеделникот, кога го прослави својот 30. роденден.
„Наполи, ти благодарам за сѐ што направи за мене. Моето семејство и јас никогаш на друго место не се чувствувавме толку безбедно. Секогаш ќе се сеќавам на убавите луѓе што ги запознав во Неапол. Вие сте исклучителни и можете да се гордеете со тоа. Секогаш ќе се восхитувам на вашиот менталитет.
Никогаш нема да ја заборавам вашата поддршка и пријателство. Благодарение на вас, постигнав сѐ што сакав со клубот. Заедно се боревме на големи натпревари и доживеавме неверојатни емоции. Вие сте најдобрите навивачи што можев да ги имам. Ми покажавте дека светот на фудбалот може да биде прекрасен. Тука станав маж, лидер и татко на мојот син. Мојата сопруга и јас сме благодарни за сѐ што ни се случи овде. Вашето гостопримство е нешто од што секој може да научи.
Ви благодариме за поддршката. Вие сте мои пријатели. Сега е време да прославиме и да се забавуваме заедно. Вие сте неверојатни луѓе, јас сум горд што ве запознав и ве сакам“, објави Зиелински.
Полскиот интернационалец од следната сезона ќе го носи дресот на Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













