Англискиот премиерлигаш Челси спогодбено го раскина договорот со Маурисио Покетино и во наредниот период ќе бара ново решение за менаџерската позиција. Во опција е Роберто де Зерби, кој го напушта Брајтон.
„Челси може да потврди дека клубот и Маурисио Покетино меѓусебно се договорија да се разделат.
Спортските директори Лоренс Стјуарт и Пол Винстанли изјавија:
„Во име на сите во Челси, би сакале да ја изразиме нашата благодарност до Маурисио за неговата услуга оваа сезона. Тој ќе биде добредојден назад на „Стемфорд Бриџ“ во секое време и му посакуваме се најдобро во неговата идна тренерска кариера“.
Маурисио Покетино се заблагодари на можноста да го предводи Челси во сезоната што заврши.
„Благодарам на сопственичката група на Челси и на спортските директори за можноста да бидам дел од историјата на овој фудбалски клуб. Клубот сега е добро позициониран да продолжи да оди напред во Премиер – лигата и во Европа во годините што доаѓаат“, изјави Покетино.
Неговите асистенти Хесус Перез, Мигел д’Агостино, Тони Хименез и Себастијано Покетино исто така го напуштат клубот заедно со Маурисио Покетино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













