
Легендата на германскиот фудбал Тони Крос на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата, објави играчот од средниот ред на социјалните мрежи. Тој ќе игра на ЕВРО 2024 со германската репрезентација, по што нема повторно да потпише договор со Реал Мадрид и ќе се повлече од фудбалот.
„17 јули 2014 година – денот на моето претставување во Реал Мадрид, денот кој ми го промени животот. Мојот живот како фудбалер, но особено како личност. Тоа беше почеток на авантура со најголемиот клуб во светот. По 10 години, оваа авантура се ближи кон крајот, никогаш нема да го заборавам овој успешен период. Како што секогаш сум велел: Реал Мадрид ќе биде мојот последен клуб.
Горд сум и среќен што во мојот ум го најдов вистинското време за овие одлуки и што можам сам да ги донесам. Мојата амбиција отсекогаш била да ја завршам кариерата на мојот врв. Сега има само една цел: 15-ти трофеј во ЛШ! Само Реал Мадрид и ништо повеќе!“, стои во дел од прошталната порака на Тони Крос.
Крос одигра 463 натпревари за Реал Мадрид, постигнувајќи 28 гола и 98 асистенции. Тој имаше голем ангажман и во Баерн Минхен со 205 настапи за Баварците. Играчот од средниот ред важи за еден од најдобрите на својата позиција во модерното време, а Крос исто така успеа да освои сѐ што е можно во фудбалот на клупско ниво.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
