Новиот менаџер на Ливерпул, Арне Слот, го наследи Јирген Клоп и веќе се фрли во акција. Наводно, крилниот напаѓач на ПСВ Ајндховен, Јохан Бакајоко е првата желба на холандскиот стратег.
Слот имаше шанса да игра со Феенорд против брзоногиот Белгиец и верува дека одлично би се вклопил во неговиот нов тим.
Бакајоко штотуку наполни 21 година, а во ПСВ пристигна од академијата на Андерлехт во 2019 година.
Тој оваа сезона експлодираше со „дабл-дабл“ ефект од 14 гола и 14 асистенции на 48 натпревари во сите натпреварувања и е еден од најзаслужните што титулата се врати кај ПСВ Ајндховен.
Наводно, ПСВ е подготвен да го пушти за сума под 50 милиони евра, што е прифатливо и за Ливерпул.
Бакајоко игра десно крило, па би бил вистински конкурент и наследник на Мохамед Салах.
Сепак, се верува дека со неговото доаѓање некој би морал да си замине, бидејќи таму се и Жота, Дарвин Нуњез, Луис Дијаз, Коди Гакпо, па практично има голема мешаница во офанзивната линија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













