Англискиот премиерлигаш Астон Вила покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, пренесува каталонското издание „Спорт“. Менаџерот Унаи Емери и спортскиот директор Мончи присуствуваа на домашниот натпревар на Каталонците против Валенсија во Ла Лига на крајот на април и го следеа Араухо.
Емери сака да донесе врвен централен дефанзивец во „Вила Парк“ за да му помогне на тимот во Лигата на шампионите следната сезона.
За да се постигне договор, англискиот клуб ќе му дозволи на Диего Карлос да си замине.
Барса неодамна објави дека ќе го пушти Араухо за најмалку 100 милиони евра, но клубот од Бирмингем ќе се обиде да ја намали цената. Уругвајскиот дефанзивец во последните неколку месеци се поврзуваше и со трансфер во германскиот гигант Баерн Минхен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













