
Баерн Минхен планира да го купи играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Чави Симонс, во текот на летниот преоден рок, објавија германските медиуми.
За трансферот лично е заинтересиран спортскиот директор на Баварците, Макс Еберл, кому му се допаѓа играта на Симонс. Во исто време формулата за евентуален трансфер е многу компликувана поради неизвесноста околу тоа кој ќе биде нов тренер на Баерн и високата цена што парижаните ја поставија за фудбалерот.
Раководството на францускиот клуб ќе ги разгледува понудите само поголеми од 60 милиони евра.
Чави Симонс (21) минатата сезона ја помина на позајмица во Лајпциг. Таму одигра 43 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 гола и 15 асистенции. Неговиот договор со Германците истекува ова лето, а договорот со францускиот шампион е до средината на 2027 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
