Завршува неуспешната сезона и ќе следи реорганизација во Манчестер Јунајтед.
Со доаѓањето на Џим Ретклиф за косопственик, клубот од „Олд Трафорд“ почна да ги решава проблемите, а веројатно најголем во моментов е „тенкиот“ играчки кадар, кој не е достоен да ја освои Европа преку Премиер лигата.
Веројатно реорганизацијата ќе почне од тренерот, но медиумите одамна почнаа да пишуваат за играчите кои ќе го напуштат овој клуб и некои имиња дојдоа до израз.
Рафаел Варан е прв, тој веќе најави заминување и тоа е дефинитивно, факт е дека неговото доаѓање во Јунајтед е големо разочарување за клубот бидејќи не докажа дека е дури и во слична форма како во Реал Мадрид. Ќе го следи Кашемиро, платата му е превисока, буџетот не дозволува играч кој не покажал многу во претходниот период да биде задржан во клубот со суми кои го нарушуваат внатрешниот мир. Неговиот договор истекува и јасно е дека ќе бара нов клуб.
Следен е Антони Марсијал, дојде како рекордер кај Ван Гал, а сега нема многу простор, на негово место седат Хојлунд, Гарначо и уште неколку млади играчи и јасно е дека е време за заминување.
Кристијан Ериксен го покажа своето незадоволство и преку објавите на социјалните мрежи и преку изразите на лицето бидејќи не играше многу во изминатите неколку месеци, а неговата возраст не му дозволува да се натпреварува за стартер со некои од помладите играчи кои доаѓаат или кои допрва треба да дојдат во Манчестер Јунајтед во преодниот рок.
Дони ван де Бек е играч кој сигурно нема да остане во Јунајтед, тој е еден од преплатените, не игра многу дури и на позајмица во Ајнтрахт и на сите им е јасно дека Манчестер не може да ги врати 40-те милиони одвоени за него.
Уште петмина кои се споменуваат да си заминат се Хари Мегваер, Виктор Линделоф и Арон Ван-Бисака, додека заминувањето на Џони Еванс е сигурно. Покрај нив, доколку има сериозна понуда за Скот Мектоминај, Манчестер Јунајтед ќе ја прифати бидејќи се смета дека тој нема највисок квалитет за освојување на титулата.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski