
Турскиот репрезентативец Арда Ѓулер (19) игра добра сезона во Реал Мадрид без разлика на малата минутажа и покажа дека е врвен талент, а цело време се пишува дека би можел да си замине од редовите на „кралскиот клуб“.
Реал летово за Ѓулер на Фенербахче му плати 20 милиони евра, а офанзивниот играч за врска имаше две повреди по пристигнувањето во Мадрид и неговиот старт беше многу тежок. Во одреден момент се пишуваше дека станува сѐ подепресивен, дека тешко се прилагодува на новата средина, но со текот на времето работите се подобрија и Турчинот почна да добива сѐ повеќе шанси кај Карло Анчелоти.
На крајот забележа 11 настапи, помина 350 минути на теренот, но тоа беше доволно за да постигне четири гола и да придонесе за титулата на Реал. Стрелец беше на мечевите против Селта, Реал Сосиедад, Гранада и Алавес. Со обезбедената титула на Реал се очекува тој да биде во составот и за последните два натпревари во Ла Лига.
На зима се веруваше дека Арда Ѓулер следната сезона би можел да оди на позајмица, потоа беа понудени Бетис и Милан, но Анчелоти беше решен да го задржи младиот фудбалер во тимот и не погреши.
Сепак, сега одеднаш пристигна примамлива понуда за мадриѓаните од англискиот премиерлигаш Арсенал. „Топчиите“ понудија 45 милиони евра за да го откупат неговиот доовор, но Реал Мадрид експресно го одбил овој предлог.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
