Шпанскиот прволигаш Севилја соопшти дека капитенот на тимот Хесус Навас ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната.
„Хесус Навас ќе ја напушти Севилја на крајот на сезоната 2023/24 и тоа им го соопшти на клубот, соиграчите и раководството на утринскиот тренинг“, се вели во соопштението на клубот.
Навас помина вкупно 17 години во Севилја, со што доби статус на клупска легенда.
38-годишниот фудбалер одигра 688 натпревари за Севилја во сите натпреварувања и освои четири Лига Европа, два Копа дел Реј, Суперкупот на Европа и Суперкупот на Шпанија.
Хесус Навас прво помина десет години во Севилја, од 2003 до 2013 година, пред да се пресели во Манчестер Сити со кој ја освои Премиер – лигата и два Лига купа, пред да се врати во Андалузија во 2017 година.
Со шпанската репрезентација беше светски првак во 2010 година и европски првак во 2012 година, а во 2023 година ја освои Лигата на нации.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













