
Бугарскиот Левски е казнет со 40.000 евра од УЕФА за дискриминаторско однесување, вклучително и етнички скандирања и политички слогани, како и за инцидентите во гостинскиот сектор на првиот натпревар од 2. квалификациско коло од Конференциската лига против Шкупи во Скопје.
Информацијата за казната ја сподели клубот.
Покрај паричната казна, Левски доби и забрана да продава билети на своите симпатизери за следното гостување на тимот во европските клупски натпреварувања. Од УЕФА најавија и дека во случај на нов прекршок на следниот домашен натпревар на тимот на меѓународната сцена, стадионот на Левски ќе биде затворен за навивачи.
Токму поради сето тоа, од Левски повикаа на фер и коректно однесување на неговите навивачи на престојниот дуел со Шкупи кој се игра во четврток во Софија на „Герена“.
„Повторно апелираме до сите навивачи да го поддржат тимот на реваншот против Шкупи во Софија на 3. август без никакви акти на агресија, насилство, расизам, дискриминација, ксенофобија и политички слогани, бидејќи тие може да донесат дополнителни тешки казни од УЕФА за саканиот наш клуб“ – се вели во соопштението на ФК Левски Софија.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Дембеле веќе размислува и за заминување од ПСЖ?

Евро-фудбал
Кејн урива рекорди во Баерн Минхен

Интернационалци
Трајковски со триумф дебитираше за Хајдук (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сасуоло го сопре налетот на Јувентус (ВИДЕО)
