
„Црвена Звезда е шампион на Европа! Дарко, Дарко, Дарко…”, и после 33 години сѐ уште одекнуваат зборовите на легендарниот коментатор Милојко Пантиќ од стадионот „Свети Никола“ во Бари, од далечната 1991 година, во моментите кога Дарко Панчев го постигна одлучувачкиот гол во пенал рулетот од финалето на Купот на шампионите против Олимпик Марсеј.
Натпреварот во регуларниот дел и по продолженијата заврши без голови, 0-0, а Црвена Звезда со подобро изведување на пенали победи со 5-3 и се искачи на врвот на Европа.
Во тимот на Црвена Звезда беа двајца Македонци, Дарко Панчев и Илија Најдоски.
Овој успех беше надграден во декември истата година во Токио, каде „црвено-белите“ го совладаа чилеанскиот Коло Коло со 3-0 и ја додадоа титулата светски клупски шампион.
Црвена Звезда имаше феноменален тим во сезоната 1990/91. Доминираа во домашното првенство, а во Европа сезоната ја започнаа против Грасхоперс, па продолжија против шкотскиот Глазгов Ренџерс и германскиот Динамо Дрезден, до полуфиналето и драматичните два меча против Баерн Минхен.
А кога таа вечер на Маракана „небото се отвори“ по центаршутот на Михајловиќ и автоголот на Аугенталер, титулата европски првак беше на дофат. Можноста која клубовите од овие простори ја имаат многу ретко, едноставно не можеше да се пропушти.
Под водство на тренерот Љупко Петровиќ, Црвена Звезда во финалето играше со следниот состав: Стојановиќ, Југовиќ, Маровиќ, Шабанаџовиќ, Белодедиќ, Најдоски, Просинечки, Михајловиќ, Панчев, Савиќевиќ, Биниќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
