Пред нас е 30. јубилејно финале на Купот на Македонија. Во него се среќаваат Македонија ЃП и Струга ТЛ, екипи кои покажаа најмногу во оваа сезона во ова натпреварување и затоа заслужено се најдоа во завршниот меч кој одлучува кој ќе го добие пехарот.
Македонија ЃП е бранител на Kупот, додека Струга Трим Лум за првпат вo својата историја ќе биде дел од ваков финален меч.
„Чест и задоволство е да се игра, да се биде учесник, да се биде тренер во едно големо куп финале за една земја. И двете екипи според она што го покажаа досега во ова натпреварување и тоа како заслужија. Кога ќе се пласираш во едно финале значи имаш квалитет, тука нема никакви дилеми. Струга Трим Лум стана шампион, тоа за нас е голема работа, го донесовме пехарот во градот Струга. Ова за нас беше историски момент. Сега ни се дава шанса да дојдеме до двојната круна и ќе се обидеме да ја искористиме оваа шанса. Очекувам добар меч, добро финале, секако очекувам триумф на нашиот тим, на Струга Трим Лум“, вели тренерот Шпетим Дуро.
Буњамин Шабани е еден од главните адути на Струга ТЛ оваа сезона. Тој очекува неизвесно финале, но и триумф на својот тим.
„Кога се игра еден ваков натпревар не ти треба дополнителна мотивација, значењето на самиот меч е доволно да те мотивира. Јас сум дел од најголемите успеси на Струга Трим Лум и затоа сум горд што пред некој ден станавме шампиони во првенството, сега на ред е двојната круна. Тимот од Ѓорче заслужува голем респект. Во првенството одигравме три меча и сите завршија без победник, веројатно тоа гарантира едно неизвесно финале. Сепак, ние сме шампиони и секако дека посакувам уште еден трофеј“, истакна Шабани.
Финалниот натпревар е закажан за 17 часот, на комплексот на ФФМ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski