Connect with us

30.ФИНАЛЕ ВО КУПОТ: „Лавовите“ немаат намера да го предадат пехарот

Македонија ЃП е бранител на трофејот во Купот, а за ривал во финалната пресметка го има новиот шампион, Струга Трим Лум. Тимот од Ѓорче ќе оди по својот трет пехар, додека стружани во својот деби финален меч го очекуваат првиот трофеј во ова натпреварување.


Ќе биде неизвесно, со оглед дека трите меѓусебни натпревари оваа сезона во првенството завршија без победник, а тренерот на „лавовите“, Горан Симов, најавува беспоштедна борба на неговиот тим.

„Ќе играме на добар терен, против силен противник и нè очекува убаво време. Се надеваме дека тоа ќе води кон убав натпревар, вистинско финале. Струга Трим Лум го освои трофејот во Првата МФЛ и имаат одлични играчи, дел од нив многу искусни кои ги освоиле сите домашни трофеи. Ние сме максимално подготвени за финалето, мислам дека притисокот ќе биде врз противникот. Македонија Ѓорче Петров ќе направи сѐ за да го задржи пехарот“, изјави Симов.

Капитенот на „лавовите“, Филип Мишевски, најави дека неговиот тим размислува единствено за триумф.

„Сметам дека фактот што имаме одиграно повеќе финалиња е предност за нас. Ќе биде тешко, трите нерешени средби сезонава се доказ дека ќе биде неизвесно. Македонија Ѓ.П како клуб има повеќе финалиња, но Струга Трим Лум е искусна и многу квалитетна екипа. Ќе дадеме сè од себе да го одраниме трофејот, не криеме дека одиме на победа“, изјави Мишевски.

Финалната пресметка е закажана за денеска, со почеток во 17 часот, на комплексот на ФФМ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови