Connect with us

15 години од „главата“ на Зидан за Матераци (ВИДЕО)

Се играше финалето на Светското првенство во 2006 година. Зинедин Зидан одеднаш се сврте по комуникацијата со Марко Матераци, се затрча и му удри глава, а тој падна како покосен на теренот. Ова е најголемиот инцидент што се случил меѓу учесници на теренот на мундијалите воопшто, а денеска се обележуваат 15 години од настанот.

Зидан заработи црвен картон, а Италија на пенали го освои пехарот. Подоцна, во Париз беше направена и статуа на овој потег на францускиот ас. Подоцна се покажа дека Матераци го испровоцирал Зидан со навредливи зборови за неговата мајка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови