
Одлуката на Герет Саутгејт да се откаже од услугите на Џек Грилиш за завршниот турнир на Европското првенство во Германија шокираше многумина од клучните играчи на Англија. Според медиумите на Островот, неколкумина од искусните играчи на Англија веднаш отишле да разговараат со селекторот за причините за неговата одлука, откако станало јасно дека Грилиш ќе остане надвор од тимот.
Останатите се собрале околу ѕвездата на Манчестер Сити за да му помогнат да го проголта разочарувањето.
„Дејли Телеграф“ тврди дека повеќето англиски репрезентативци веруваат дека Грилиш треба да патува во Германија, и покрај тоа што очигледно имаше тешка сезона со неговиот клуб. Тие веруваат дека не само што секогаш може да има влијание доаѓајќи од клупата, туку има искуство стекнато со освојувањето трофеи со Манчестер Сити. Тој е и еден од оние ликови кои го креваат духот во англискиот тим.
Саутгејт призна дека одлуката за Грилиш ја донел вчера, само неколку часа пред изненадувачки да го објави официјалниот состав од 26 играчи за ЕВРО 2024.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
