Најдобриот играч на Шкупи сезонава, Дембо Дарбо, благодарение на одличните изданија за прволигашот од Чаир доби повик во националниот тим на родната држава. Головите постигнати во Првата фудбалска на Македонија во дресот на Шкупи беа најдобра препорака за повикот во националниот тим.
„Чувството да се претставува својата земја е одлично, секој фудбалер сонува да биде репрезент на нацијата и дава се за да дојде до таков успех. Би сакал да им се заблагодарам на соиграчите и на тренерите во клубот бидејќи без нивната поддршка немаше да бидам овде каде што сум. Ќе продолжам да работам каде што застанавме за да го оствариме она што не е цел оваа сезона“ – вели Дембо Дарбо.
Шкупи на репрезентативната пауза оди со два бода заостанување во однос на лидерот Шкендија, при врвот на табелата во Првата фудбалска лига.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













