Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ, го продолжи договорот со Хрватскиот фудбалски сојуз. Тој ќе остане селектор на „коцкестите“ до 2026 година, вклучувајќи го и Светското првенство 2026 година во САД, Мексико и Канада.
„Благодарам на претседателот Кустиќ и целиот ХНС на големата доверба, како и поддршката која ја имам во работата со репрезентацијата. Многу пати истакнував дека оваа работа е најголемата чест и задоволство кое може да се добијат. Без разлика на тоа што досега постигнавме неверојатни успеси, имам огромна страст и амбиција да продолжам со работата и сигурен сум дека пред нас се уште многу предизвици“, изјави Далиќ.
Златко Далиќ е селектор на Хрватска од 2017 година и ги предводеше до второто место на СП во Русија, како и до третата позиција на СП во Катар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













