Францускиот фудбалски ас и тренер, Зинедин Зидан, призна дека жали што никогаш не играл за Олимпик Марсеј во текот на својата кариера. Легендарниот фудбалер е роден во Марсеј.
„Марсеј е во одлична форма во моментов. Не сум играл таму – имаше само желба, но не се оствари. Кога ќе го посетиш нивниот стадион и ќе ја разгледаш инфраструктурата, сфаќаш дека станува збор за навистина голем клуб. Таму се случуваат интересни работи“, изјави Зидан.
52-годишниот Зизу ја заврши својата кариера во јули 2006 година. Зидан играше за Кан, Бордо, Јувентус и за Реал Мадрид, каде подоцна стана тренер и го водеше клубот до три титули во Лигата на шампионите. За време на својата кариера, тој постигна 125 голови и забележа 141 асистенција во 689 настапи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













