
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, одлучил да замине од „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на сезоната, тврди „Теле Мадрид“. Многубројните повреди, но и „киксот“ против Севилја (2-2) по кој „кралевите“ доцнат два бода во трката за шампионската титула со Атлетико Мадрид, се главните причини околу заминувањето на Зидан.
Дополнително, финансиската ситуација во клубот не е сјајна, пропадна иницијативата на Флорентино Перез за формирање на Европска Суперлига која ќе инпутираше значително поголеми финансиски средства, а без тоа – Реал е немоќен и во обидите за нови засилувања.
Ниту Мбапе ниту Халанд најверојатно нема да пристигнат на „Сантијаго Бернабеу“, дополнително би требало да замине и капитенот Серхио Рамос, а Зинедин Зидан смета дека во една таква ситуација веќе го вади максимумот од овој состав на „кралевите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
