Португалскиот интернационалец Жоао Феликс е пред заминување од „Ванда Метрополитано“. Откако извршниот директор на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Хил Марин, призна дека има конфликт меѓу напаѓачот и тренерот Диего Симеоне, почнаа шпекулациите околу иднината на португалскиот репрезентативец.
Желбата на Феликс е да го напушти Атлетико уште во јануари, но нема да биде лесно. Клубот од Мадрид претпочита да го задржи најскапото купување во својата историја, а за да го продаде, мора да добие понуда која ќе надмине 126 милиони евра платени на Бенфика во 2019 година.
Медиумите во Англија тврдат дека Атлетико Мадрид му го понудил Жоао Феликс на Челзи заедно со уште еден напаѓач – Матеус Куња. Интересот на „сините“ од Лондон за португалскиот репрезентативец датира од поодамна, а актуелна е опцијата со можното привлекување на Куња поради повредата на Армандо Броја, кој ќе го извади од терените до крајот на сезоната.
Клубот од „Стемфорд бриџ“ веќе ги обезбеди услугите на Давид Датро Фофана од Молде, но нивна голема цел е Жоао Феликс. Доколку не успеат да се договорат со Атлетико, Челси ќе се насочи кон еден од Мемфис Депај или Јусуфа Мукоко.
Португалецот не е заинтересиран за преселба во Арсенал, кој исто така е меѓу кандидатите за неговиот потпис. Целта на напаѓачот е да се пресели во Пари Сен Жермен, а може да се направи зделка за сума од околу 130 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal