Лидерот на табелата, тимот на Шкендија, излезе со жестока реакција по поразот од Пелистер (0-1) со голот од пенал на Борче Маневски. Од Шкендија сметаат дека денот што беше наменет за прослава и простување на Димитар Мечкаровски, тој го претворил во срам со „крриминално“ досудениот пенал во 90.минута.
„Жално е како ден кој требаше да претставува прослава за заминување во пензија по успешната судиска кариера на Димитар Мечкаровски се претвори во срам и „криминална“ кражба. Се поставува прашањето зошто Мечкаровски мораше вака да ја заврши кариерата? Зошто во последните секунди од својата кариера мораше да го извалка своето име носејќи „криминална“ одлука за непостоечки пенал во која не веруваа ниту фудбалерите на Пелистер“, се вели во дел од опширната и жестока реакција од ФК Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













