Поранешниот напаѓач на Челси, Дидие Дрогба, на социјалните мрежи објави дека минатата година се развел од долгодишната сопруга Лала Дијакате. По 20 години заеднички живот и десет години брак, двојката на крајот од минатата година ги потпишала документите за развод.
„Знаете дека немам навика да дискутирам јавно за мојот приватен живот. Но, по шпекулациите во медиумите, имам обврска да потврдам дека мојот брак заврши со развод на крајот од минатата година. Јас и Лала остануваме во блиски релации поради тоа што сакаме максимално да ги заштитиме децата“, објави Дидие Дрогба на Инстаграм.
Жешко видео на фудбалерот со друга жена, во кое јасно се гледа дека се наоѓаат в кревет, а таа го гризе за рамото, е причината за разделбата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













