Connect with us

„Жешко“ реми на Чаир, Работнички го освои Штип, „лавовите“ ја декласираа Академија Пандев

Шкупи и Шкендија ремизираа (1-1) во големото дерби на Чаир. Шкупи ќе биде есенски првак и ја одржува предноста од осум бода во однос на Шкендија.


Кире Маркоски во 16.минута имаше одлична шанса, излезе сам пред Костадинов Захов, но тој одлично интервенираше.

Синдрит Гури во 71.минута, по нафрлувањето на Валмир Нафиу, успеа да го совлада Кристијан Наумовски и донесе птредност за актуелниот првак.

Но, Фреди Алварез од слободен удар постигна прекрасен гол во 87.минута и донесе израмнување. Претходно, Марко Ѓорѓиевски имаше одлична шанса, но неговиот удар со глава со крајни напори го одбрани Захов. Потоа Брдаровски со центаршут од десната страна ја погоди гредата.

На крајот, поделба на бодовите на Чаир.

Македонија ЃП ја декласира Академија Пандев со 4-1 во Ѓорче Петров. Да Силва и Арби Воша донесоа предност од 2-0 по првиот дел. Воша погоди и вторпат во 50.минута, а гостите пет минути подоцна останаа со играч помалку поради исклучувањето на Сава Радич. Јован Попзлатанов беше стрелец на четвртиот гол во 74.минута, а почесниот погодок за Академија Пандев го постигна Адис Хаџановиќ во 90.минута.

Работнички стави крај на серијата од пет меча без победа и оствари триумф (1-2) на гости против Брегалница. Марјан Ристовски во 56.минута го отвори резултатот, четири минути подоцна Димитар Тодоровски зголеми на 0-2, а Мартин Стојанов беше стрелец за штипјани во 65.минута.

Скопје ја совлада Струга Трим Лум со 1-0 со голот на Христијан Кировски во 77.минута од дуелот.

Борец славеше под „Тумбе кафе“ против Пелистер со 1-3. Ѓорѓи Ѓорѓиев во 24.минута го отвори резултатот, откако Борче Маневски не реализира пенал уште во втората минута. Но, Пелистер израмни преку Дарко Размоски само минута подоцна, во 25.минута. Сепак, Борец со головите на Крста Ѓорѓевиќ во 59.минута и на Ѓорѓи Ѓорѓиев во 73.минута ги освои трите бода.

Ренова и Тиквеш ремизираа 1-1 во Тетово. Бурхан Мустафов во 56.минута обезбеди предност за „гипсарите“ во 56.минута, но израмни Анаел Нгоба во 72.минута.

ПРВА ЛИГА, 17.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 1-1

МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 4-1

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 1-2

РЕНОВА – ТИКВЕШ 1-1

ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ 1-3

СКОПЈЕ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 1-0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови