Македонскиот фудбалски тренер Зекирија Рамадани повторно ќе работи на Косово. Тој е претставен како нов шеф на стручниот штаб на косовскиот прволигаш Дрита.
„Задоволство ни е да објавиме дека постигнавме договор со тренерот Зекирија Рамадани. Рамадани е познат тренер во косовскиот фудбал кој има освоено трофеи со претходните тимови и со задоволство ја прифатил понудата на клубот. Клубот и Зекo потпишаа договор до крајот на сезоната 2024/25 со можност за продолжување на уште една сезона. Добредојде Зеко“, соопштија од Дрита.
Рамадани веќе го одработи и првиот тренинг на чело на својот нов клуб.
Пред доаѓањето во Дрита, Рамадани работеше во саудискиот второлигаш Оход.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













