Connect with us

Загревање за ЕП: Македонија и против Романија и против Германија ќе игра во Букурешт?

Фудбалската репрезентација на Македонија во март ги стартува квалификациите за Светското првенство во Катар, а како што стојат работите двапати ќе има гостување во Букурешт и ќе игра на Националната арена каде во јуни ќе одигра два меча и од Европското првенство.

Романците се премислуваат и првично закажаниот меч со Македонија во Плоешти на 25. март многу веројатно ќе го играат како домаќини на Националната арена во Букурешт. Според информациите, теренот на стадионот во Плошети не е со најдобар квалитет во моментот.

Македонија многу извесно нема да и гостува на Германија во Дуизбург, туку мечот закажан за 31.март ќе го игра на неутрален терен во Букурешт. Германците три дена претходно ќе и гостуваат на Романија во Букурешт и сакаат да останат таму и како „домаќини“ да го одиграат и мечот против Македонија. Ова порди засилените мерки за заштита од коронавирусот во Германија каде не се дозволува влез во земјата за странци чии земји се наоѓаат на листата ризични од коронавирусот. Од овие причини и германските клубови европските натпревари ги играат на неутрален терен.

Македонија во второто коло кое е закажано за 28.март на домашен терен ќе го пречека Лихтенштајн. Значи, селекцијата на Игор Ангеловски сигурно ќе патува за Букурешт на дуел на 25.март, потоа се враќа во Скопје да биде домаќин на Лихтенштајн, а потоа повторно пат за Букурешт и дуел со Германија.

На Националната арена во Букурешт Македонија треба да игра и двата први натпревари од Европското првенство, против Австрија и против Украина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови