Connect with us

За првпат во историјата, жена ќе суди меч од Премиер-лигата

Ребека Велч е првата жена која ќе суди натпревар во Премиер лигата. 40-годишната Англичанка, која е судијка од 2010 година, стана и првата жена која во јануари судеше натпревар во Лигата на шампионите за мажи.

Во текот на истата година таа по вторпат ќе го запише своето име во историјата бидејќи е назначена за главен судија на натпреварот меѓу Фулам и Барнли кој ќе се одигра на 23 декември.


Во ноември, Велч беше и четврти судија во победата на Манчестер Јунајтед над Фулам, првпат жена да ја зазеде таа позиција во Премиер – лигата.

Неколку дена подоцна – на 26 декември, Сем Алисон ќе стане првиот црномурест судија во последните 15 години кој ќе суди натпревар во Премиер – лигата. Тој ќе го суди натпреварот меѓу Шефилд Јунајтед и Фулам.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови