
Вардар ја продолжи победничката серија и триумфираше со 3-1 против Гостивар во деветтото коло во Втората лига Запад. Но, победија и конкурентите за врвот, Силекс и Воска Спорт.
Вардарци поведоа со голот на Ненад Мишковски на истекот на првиот дел, а Хиџрет Рушити израмни во 73.минута. Сепак, Дејан Блажевски со голот во 81.минута и Филип Петковски од пенал во судиското продолжение донесоа триумф за најтрофејниот клуб.
Силекс славеше минимално (0-1) против Кораби во Дебар. Стрелец на победничкиот гол беше Арсим Љамалари во 27.минута од мечот.
Воска Спорт победува и со новиот тренер. Го совлада Тетекс со 2-0. Кристијан Јордановски во 41.минута си постигна автогол, а Изаир Емини во 45.минута го постигна вториот гол за Воска.
Велешта и Охрид Лихнидос ремизираа без голови, а Беса и Кадино одиграа 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен
