Тетекс испушти победа во последните минути од полошкото дерби во 20. коло од Втората лига – Запад, ремизирајќи на домашен терен против Гостивар со 1-1.
Стрелец на единствениот гол за „штофарите“ беше Дарко Ѓурчиновски во 62. минута од средбата, но гостите израмнија со погодокот на Башким Љама во 91. минута.
Пелистер се врати на победите, триумфирајќи со 1-0 против Велазерими благодарение на погодокот на Александар Неданоски уште во 20. минута од средбата.
Генч Калемлер со голот на Малиќ Белули победи со 1-0 против Скопје, а Лабуништа нанижа и втора едноподруго победа овојпат триумфирајќи со 0-1 на гостувањето против Гоблен јуниор со голот на Игор Клечкароски во 63. минута.
РЕЗУЛТАТИ – 20. КОЛО
Пелистер – Велазерими 1-0
Тетекс – Гостивар 1-0
Генч Калемлер – Скопје 1-0
Гоблен јуниор – Лабуништа 0-1
Кораби – Струга ТЛ (утре, 15:30 ч.)
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













