Силекс, Воска и Вардар остварија победи во денешното коло од Втората лига Запад и ја продолжуваат трката за водечките позиции.
Силекс на домашен терен минимално го победи Охрид со 1-0. Победничкиот гол на натпреварот го постигна Ѓорѓи Танушев во 72. минута.
Воска Спорт дома ја декласира Велешта со 4-0. Во петтата минута Анруши си даде автогол, а потоа стрелаа Изаир Емини, Елмир Алији и Бехар Фета.
Вардар исто така славеше со 4-0 против Кадино. Филип Петковски беше двоен стрелец, а погодија Бенјамин Демир и Никола Величковски.
Тетекс го победи Гостивар со 2-0. Владимир Жоглев и Емил Скоко беа стрелци за „текстилците“. Беса беше подобра од Кораби и победи со 2-0, со головите на Аљбин Рамадани и на Флорент Османи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













