Силекс го победи Вардар со 2-1 во дуелот на „капиталците“ во Втората лига Запад. Во Кратово беше одигран одличен натпревар, а на крајот домаќинот успеа да ги освои бодовите. Давид Манасиевски во 22.минута искористи едно невнимание во одбраната на Вардар и откосо од десната страна шутираше неодбранливо во мрежата на Филип Илиќ.
Само две минути подоцна, Бурхан Алији постигна прекрасен гол шутирајќи од дваесетина метри.
Вардар се врати во игра со голот од пенал на Дејан Блажевски во 71.минута, но немаше сили за израмнување.
Воска Спорт ја оствари втората победа, откако на домашен терен го совлада Кораби со 3-1. Елмир Алији и Изаир Емини донесоа предност од два гола, Бехар Фета го постигна третиот гол во 73.минута, а Кораби возврати пет минути подоцна преку Мурати.
Велешта и Гостивар одиграа интересен натпревар и ги поделија бодовите (2-2), а Беса го совлада Тетекс со 2-0.
Кадино беше подобар од Охрид Лихнидос и победи со 2-1.
ВТОРА ЛИГА ЗАПАД – 2.КОЛО, РЕЗУЛТАТИ
СИЛЕКС – ВАРДАР 2-1
ВОСКА СПОРТ – КОРАБИ 3-1
ВЕЛЕШТА – ГОСТИВАР 2-2
БЕСА – ТЕТЕКС 2-0
КАДИНО – ОХРИД ЛИХНИДОС 2-1
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













