Силекс е неприкосновен лидер на табелата во Втората лига Запад и се уште е без пораз во ова натпреварување. Денеска (13 часот) во Охрид, кратовци ќе имаат сериозно искушение во дерби – дуелот против вторпласираниот тим на Воска Спорт. Минатата седмица Воска го зема скалпот на Вардар, па сега избраниците на Раде Цицмиловиќ ќе се обидат да го победат и Силекс.
Но, ќе се прашува и составот на Горзад Михајлов кој оваа сезона игра одличен фудбал во второлигашка конкуренција.
Вардар сака да се врати на победите и ќе се обиде да освои три бода на домашен терен против Велешта. Тетекс го пречекува Охрид Лихнидос и е фаворит за триумф, исто како и Гостивар во дуелот со Кадино. Се очекува интересен дуел меѓу Кораби и Беса.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













