
Лабуништа и Пелистер ремизираа без голови во дербито на 23. коло во Втората лига Запад. Ваквиот епилог им одговараше на домашните фудбалери кои ја задржаа предноста од пет бода во однос на Пелистер на три кола до крајот на шампионатот.
Приходот од влезници од овој натпревар беше наменет за лекување на голманот на Лабуништа, Мартин Стојаноски, кој треба да замине во Москва на лекување по сообраќајната несреќа.
Скопје го совлада Гостивар со 5-1. Марио Настевски го доведе домаќинот во водство, а потоа стрелаа и Димитровски, Брњарчевски, Усеинов и Јовановски за убедлива победа на составот од тимот од Автокоманда.
Кораб го совлада Генче Калемлер со 2-1. Гостите поведоа со голот на Чајани, но многу брзо одговори Целески израмни на 1-1. Победничкиот гол беше дело на Хабиб Клобучишта од пенал на почетокот од второто полувреме.
Велазерими го совлада Гоблен Јуниор со 2-0. Реџепи и Расими во финишот го донесоа триумфот на Велазерими.
Струга Трим Лум вчера славеше против Тетекс со 1-0 и е пред промоција во прволигашка конкуренција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Баерн Минхен му понуди нов договор на Лирој Сане

Евро-фудбал
Јувентус е подготвен да го продаде Даглас Луиз

Евро-фудбал
„Лудо реми“ на Лион и Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Арсенал ќе понуди 30 милиони евра за Арда Гулер
