Чудно е, ама тоа е новата реалност. Вардар и Силекс ќе играат во Втората лига Запад, а можеби и нема да бидат подобри од Воска Спорт, амбициозниот нов второлигаш кој ова лето купи цел нов тим, а во него се и неколку навистина „звучни“ прволигашки имиња.
Вардар има нов сопственик, компанијата „Блу Скај“, ама некои навики никако да се искоренат. До последен момент не беа регистрирани новите засилувања, прашање е дали некои од нив би можеле да се регистрираат денеска, па вардарци многу веројатно со дел од младинците и оние што и лани беа во клубот, ќе се појават на дебито на второлигашка сцена, против Кораби во Дебар. Тренерот Горан Симов има мисија да го врати клубот таму каде што припаѓа – во елитата, но знаејќи ги ривалите, тоа нема да биде нималку лесно. Олиер Пеев, Дарко Стојанов, Ненад Мишковски, Мартин Блажевски, Петар Љамчевски, Филип Петров, Филип Петковски, Дејан Блажевски, Филип Илиќ, се дел од поскусните фудбалери на Вардар кои треба да го понесат товарот во второлигашка конкуренција.
Силекс исто така испадна во второлигашки колосек. Можеби и неочекувано, но сегашниот тренер на Вардар, Горан Симов, не успеа да го задржи кратовскиот тим во елитата. Сега е комплетно реорганизиран, а Горазд Михајлов ќе се обиде да го врати на прволигашка сцена. Со Божиновски на голот, но и со Стојчевски, Алексовски, Дуков, Каланоски, Рајков, Спиркоски, тренерот Горазд Михајлов треба да направи победнички состав за второлигашкиот караван.
Воска Спорт, со агресивниот пристап во летниот преоден рок, некако се промовираше во трет фаворит за врвот. Дали ќе биде така, ќе треба да покаже тимот на Раде Цицмиловиќ на теренот. А во составот се и Емини, Грозданоски, Трајковски, Истатов, Селмани, Вељаноски, Дервиши…тим што може на многу екипи да им го загорчи животот, па дури и на Вардар и на Силекс.
Тетекс оваа сезона има многу поголеми амбиции од опстанок, предводени од тандемот Георгиевски – Цветковски. Во тимот имаат искусни фудбалери, како Димитар Иванов, Дамјан Масевски, Рилинд Ајдини, кои треба да дадат полн придонес за остварување на целите.
Велешта ги доведе Арбен Тафа, Стојанче Велинов, Илија Далчески, Аздрен Мена…и секако ќе има респектабилен тим.
Охрид за влакно не успеа да обезбеди елита минатата сезона, но Драган Бочески и фудбалерите сигурно нема се откажат од нов обид оваа сезона.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА ЗАПАД – ПРВО КОЛО (16 ч.)
Кадино – Силекс
Кораби – Вардар
Охрид Лихнидос – Беса
Гостивар – Воска Спорт
Тетекс – Велешта
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski