
Воска Спорт е прволигаш откако одигра 2-2 на градското дерби против Охрид, а Гостивар славеше со 0-2 на гости против Детонит Плачковица во Радовиш. Емран Рамадани во 55.минута и Антонио Каланоски во 81.минута стрелаа за гостиварци.
За Охрид погодија Алтин Лога и Александар Ѓорѓиески, а бод за Воска донесоа Бехар Фета од пенал и Изаир Емини.

Вардар чекаше нивен „кикс“, но како да се помири со третото место, па денеска загуби од Тетекс со 1-2. Жоглев донесе предност за Вардар, но Радуловиќ-Величковиќ си постигна автогол, а потоа Богдановиќ стрелаше за триумф на „текстилците“.
Пелистер славеше против Локомотива Пехчево со 2-1, стрелаа Бојан Спиркоски и Борче Маневски.
Беса беше убедлива против Борец и победи со 0-4. Генц Гаши беше двоен стрелец, а Артан Велиу и Малиќ Белули погодија по еднаш.
Каменица Саса славеше против Караорман на гости со 1-2, Кожуф ја победи Беласица со 4-2, а мечот Арсими – Слога Виница заврши без голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Бенфика?

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
