Лидерот Македонија ЃП се сопна во Каменица и ремизираше без голови против Саса. Брегалница победи на гостувањето кај Осогово со 1-2 и ја продолжи битката за едно од првите две места на табелата во Втората лига.
Иван Галевски погоди од далечина за водство, но Осогово израмни во вториот дел. Сепак, Давид Калпачки со втор погодок ја донесе победата за штипјани.
Башкими беше сигурен на домашен терен и со 3-0 славеше против Охрид.
Три бода освои и Арсими, кој триумфираше на гостувањето кај Новаци со 0-2.
Победа пред своите гледачи загуби од Беласица со 0-1. Еден гол го одлучи и дуелот во Неготино, каде Вардар Неготино доживеа пораз од Кожуф (0-1).
Вардарски во битката за опстанок го победи Борец со 2-0. Скопје и Детонит Плачковица ремизираа, 2-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













