Connect with us

Втора лига: Кожуф го тресна Пелистер, Беса заглави во Радовиш

Детонит Плачковица и Кожуф славеа победи во дерби натпреварите од петтото коло во Втората лига и покажаа дека имаат големи амбиции, совладувајќи ги фаворизираните Беса, односно Пелистер.


Детонит Плачковица ја победи Беса со 2-0 и стави крај на одличниот старт на тимот на Александар Таневски.


Кожуф го искористи домашниот терен и го совлада Пелистер со 3-2. Александар Богданоски беше двоен стрелец за Кожуф, а погоди и Ќире Митков. Љамчевски и Спиркоски беа стрелци за Пелистер.


Арсими немаше милост против Караорман и го совлада на гости со 0-6. Двоен стрелец беше Арѓент Гафури, а по еднаш реализираа Илбер Беќири, Ајрадин Цуцули, Шпенд Асани и Ерион Шуку.


Новаци со голот на Бобан Тасевски славеше со 1-0 на домашен терен против Башкими.


Беласица го победи тимот на Победа со 3-1 на стадионот „Младост“. Благој Стојанов, Александар Милушев и Тони Мичковски погодија за Беласица, додека единствениот гол за прилепчани го даде Амил Табаковиќ.

Тетекс со 1-2 славеше на гости кај Каменица Саса. Мустафа Јусуф и Марио Станковски го донесоа триумфот за “текстилците”.


Охрид го победи Осогово на гости со 0-3, со головите на Демир Хусеин, Оливер Дишлиевски и на Емил Скоко.


Вардар Неготино го победи Скопје со 2-0, со головите на Дарко Мојсовски и Ристе Лембовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови