Тиквеш славеше најубедлив триумф во Втората лига Исток откако во Кавадарци ја совлада Плачковица со 4-1. Ристе Темелков беше стрелец на два гола, а погодија и Едиз Спахиу и Филип Костовски. Единствениот погодок за гостите го постигна Андреј Јошевски.
Брегалница со 3-1 ја совлада Победа. Двоен стрелец беше Дарко Додев, а резултатот го отвори Мартин Стојанов. За гостите погоди Дарко Грозданоски.
Тони Мичковски и Александер Борха Кодроба беа стрелци во триумфот (2-1) на Кит Го против Росоман.
Осогово го изненади Кожуф (0-1) со голот на Благој Истатов, а Каменица Саса со 1-0 ја победи Слога Виница, со погодокот на Сашо Дуков.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













