Тиквеш ја доби дерби пресметката од 23. коло во Втората лига – Исток славејќи со 3-2 против Кит Го.
Тиквеш поведе со голот на Иван Ивановски во 14. минута. Но, Зоран Андонов успеа да израмни во 20. минута, за да кавадарчани со двата погодоци на Марјан Ташков во 29. минута и капитенот Ѓорѓи Мојсов во 31. минута дојде до водство од 3-1.
Во второто полувреме, по подобрата игра, Кит Го постигна гол преку Александар Темелков во 58. минута, но откако беше исклучен Апостоловски во 88. минута, пехчевци немаа сила за израмнување.
Брегалница славеше на гостувањето против Кожуф со головите на Ристе Наумов, Велиновски и Христијан Христовски во второто полувреме.
Велешки Борец го чува лидерското место и со убедлива победа од 6-0 против Каменица Саса.
РЕЗУЛТАТИ – 23. КОЛО
Тиквеш – Кит Го 3-2
Плачковица – Вардар Неготино 5-0
Кожуф – Брегалница 2-3
Борец – Каменица Саса 6-0
Детонит јуниор – Партизан Обршани 5-0
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













