Победа и Слога Виница ја стартуваат пролетната трка за пласман во елитата, а не се без шанси и Каменица Саса и Беласица. Ќе биде возбудливо на второлигашките пресметки на Истокот.
Слога Виница на домашен терен го пречекува тимот на Пехчево (поранешен Кит Го) и се надева на триумф. Но, тоа нема да биде нималку лесен дуел за виничани.
„Тоа е еден вид дерби на Истокот, и верувам дека успешно ќе се надигруваме со противникот кој секако е фаворит“, порачува новиот стратег на Пехчево, Иван Варадиновски.
Победа ќе биде гостин против Братство, но всушност ќе игра дома на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Тоа им ја олеснува задачата на избраниците на Димитар Капинковски кои секако ќе мора да ја потврдат фаворитската улога.
Каменица Саса го пречекува тимот на Кожуф, додека Беласица му гостува на Осогово. Локомотива е домаќин на Детонит.
Натпреварите почнуваат од 14 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













