Фудбалерите на Кит Го продолжуваат со извонредната форма во Втората лига – Исток нанижувајќи уште еден директен конкурент за прволигашка промоција. Пехчевци со 0-2 славеа голема победа на гостувањето против лидерот Кожуф.
По рамноправното прво полувреме, предноста на Кит Го дојде во 57. минута кога Петар Најдов одлично стрелаше со шут од 18 метри во долниот десен агол од домашниот гол. Во 64. минута одлична акција на Петар Најдов кој го проигра пред голот на Кожуф искусниот Бошко Ступиќ кој со извонреден потег со пета постигна гол за 0-2.
Брегалница, со играч помалку по исклучувањето на Мартин Шишков во 46. минута, дојде до пресврт триумф на гостувањето против Осогово во Кочани. Откако домашните поведоа во првото полувреме со автоголот на Јован Манев во 38. минута, во вториот дел домашните постигнаа автогол преку Андреј Ричков во 52. минута за 1-1, а штипјани до победата дојдоа со голот на Мартин Стојанов во 57. минута.
По оваа победа, Брегалница повторно се врати на лидерската позиција на табелата во Втората лига – Исток со 24 бода, еден повеќе од Кожуф а во очекување на утрешните натпревари на Беласица и Тиквеш.
Каменица Саса дојде до победа од 0-2 на гостувањето против Питу Гули со головите на Горан Здравков од пенал во 42. минута и автоголот на Мургоски во 44. минута.
РЕЗУЛТАТИ – 11. КОЛО
Осогово – Брегалница 1-2
Кожуф – Кит Го 0-2
Питу Гули – Каменица Саса 0-2
УТРЕ (13:30 ч.)
Плачковица – Тиквеш
Беласица – Победа
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski