Брегалница успеа да слави на гостувањето во Радовиш против Плачковица со 1-3 и го презеде врвот на табелата во Втората лига Исток. Тоа беше успешно деби за новиот тренер на штипскиот тим, Марјан Секуловски.
Мартин Стојанов од пенал во 12.минута и Ристе Наумов пет минути подоцна донесоа комфорно водство за Брегалница. Но, Плачковица намали во вториот дел со голот на Леонид Редев Јанкуловски. Во 71.минута по еден црвен картон во двата тима, за Мартин Ристов и за Јован Манев, а во 85.минута уште еден кај домаќините – за Иван Колев. Мартин Стојанов со втор удар одбелата точка го потврди триумфот на Брегалница.
Тиквеш освои само бод против Кожуф во Гевгелија играјќи 1-1. Ангел Кочев во 23.минута го изненади составот на Тиквеш, а израмни Ѓорѓи Мојсов во 31.минута. Но, Тиквеш не можеше да пронајде начин за втор гол во мрежата на Кожуф.
Осогово го совлада Кит Го со 1-0, со автоголот на Кристијан Антонов.
Каменица Саса со 2-0 славеше против Слога Виница со головите на Сашо Дуков, а Победа оствари триумф на гости против Росоман со 1-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Прва лига
Македонија ЃП добива нови сопственици













