
Неверојатно интересна е трката за врвот во Втората лига. Во секое коло ново дерби.
Гостивар ја загуби лидерската позиција по ремито (1-1) со Пелистер дома, а денеска (14 часот) ќе гостува кај Воска Спорт, која го презеде врвот заедно со Вардар.
„Ова е дерби натпревар. Ние имаме огромен респект кон тимот на Гостивар, но ќе сториме сѐ за да дојдеме до триумф. Нашата цел е јасна, сакаме промоција во повисок ранг“, изјави капитенот на Воска, Изаир Емини.
Пелистер е „залетан“ и на домашен терен го пречекува Охрид, а Детонит е гостин кај Арсими.
Вардар утре на домашен терен ќе се сретне со Караорман.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 20.КОЛО (денеска, 14 часот)
ВОСКА – ГОСТИВАР
ПЕЛИСТЕР – ОХРИД
КОЖУФ – БОРЕЦ
БЕЛАСИЦА – КАМЕНИЦА САСА
СЛОГА ВИНИЦА – БЕСА
АРСИМИ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
ВАРДАР – КАРАОРМАН (утре, 14 часот)
ТЕТЕКС – ЛОКОМОТИВА ПЕХЧЕВО

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
