Брегалница и Шкендија Арачиново продолжуваат рамо до рамо на врвот на табелата во Втората македонска фудбалска лига и по одигрувањето на деветтото коло, додека борбата за опстанок станува сè поинтересна со повеќе победи на екипите од долниот дел.
Големо Коњари – Брегалница 0-2
Штипските „сини“ ја оправдаа фаворитската улога и рутински славеа на гостувањето кај Големо Коњари со 0-2. Головите за Брегалница ги постигнаа Дамјан Масевски и Даријан Тасев, со што тимот ја продолжи победничката серија и го задржа првото место.
Шкендија Арачиново – ГФК Осогово 1-0
Во Скопје, Шкендија Арачиново минимално го совлада ГФК Осогово (1-0). Херој на натпреварот беше Фикрет Љиварека, кој уште во деветтата минута го постигна единствениот гол и донесе нови три бода за својот тим.
ГФК Охрид – Саса 6-1
Охрид покажа моќ и со убедливи 6-1 ја прегази Саса од Македонска Каменица. Со овој триумф охриѓани се искачија на третото место. Двоен стрелец беше Иван Глигоров, а по еден гол постигнаа Антонио Каланоски, Емил Скоко, Ангел Крстески и Игор Јаневски. Единствениот погодок за гостите го даде Тони Мичковски.
Скопје – Новаци 1-0
Тимот од Автокоманда стигна до важна победа против Новаци (1-0). Решавачкиот гол за „пиратите“ го постигна Тео Мировски во 88. минута на стадионот „Железарница“.
Беласица – Победа 1-2
Голем триумф за Победа во Струмица. Прилепчани славеа со 1-2 на гостувањето кај Беласица, која продолжува со слабите резултати и покрај смената на тренерот. Лука Трајкоски донесе водство за Победа, Александар Коцев израмни, но Филип Димоски со гол во 91. минута ја запечати победата на прилепчани.
Преспа – Тетекс 3-1
Преспа прикажа одлична игра и на домашен терен го изненади Тетекс (3-1). Гостите поведоа преку Рихан Зеќири, но Нико Пластиновски, Стефан Спировски и Кипријан Петрески направија целосен пресврт и донесоа големи три бода за новиот второлигаш.
Слога Виница – Кожуф 0-2
Кожуф запиша значајна победа на гостувањето кај Слога Виница (0-2). Гевгеличани ги обезбедија бодовите со головите на Аљбан Мемеди и Христијан Демиров во второто полувреме.
Детонит Плачковица – Вардар Неготино 3-1
Плачковица славеше на домашен терен против Вардар Неготино (3-1). За домашните погодија Никола Сарески, Сашо Дуков и Филип Ѓоргиевски, додека единствениот погодок за гостите беше автогол на Димитар Ѓоргиев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













