Воска Спорт испрати реакција до јавноста во која објаснува дека не ги затвора вратите за сите љубители на фудбалот во Охрид, туку само за навивачката група на гостите, со оглед на регулативите на ФФМ за забрана за гостувања во шампионатот.
Охридското дерби е на програмата денеска, како дел од 17.коло во Втората лига Запад и ќе се одигра на стадионот „Билјанини извори“, со почеток во 14 часот.
„Локалното дерби помеѓу Воска Спорт и Охрид е прогласено како натпревар од висок ризик, а како и секогаш што досега се случуваше кај нас, овие натпревари се играат автоматски без присуство на организирани навивачки групи на гостинскиот тим, во случајов на екипата на Охрид.
Воска Спорт како домаќин на оваа средба, организациски ќе даде сè од себе за овој натпревар да помине на најдобар можен начин, а воедно ја информираме пошироката јавност, особено охриѓани, дека локалното дерби ќе можат да го следат сите вистински фудбалски фанови на нашиот град, па портите ќе бидат отворени час однапред“, истакнуваат од Воска.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













