Connect with us

Ворнок: Миовски е надобриот напаѓач што сум го тренирал

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра во неверојатна голгетерска форма во Шкотска, а новиот менаџер на Абердин, легендарниот Нил Ворнок, тврди дека тој е најдобриот напаѓач што го тренирал во долгата и богата кариера.


Миовски им даде голови на шкотските гиганти Селтик и Глазгов Ренџерс, а вчера продолжи со два гола во победата на Абердин против Бонириг Роус во шкотскиот Куп.

„Му кажав да даде два гола и да излезе на полувреме. Потоа му предложив ако сака и да остане до 60.минута за да комплетира хет-трик. Си намигнавме кога ги постигна погодоците и решивме дека е доволно за минутажата. Во кариерата имав многу проблеми со напаѓачите, а сега го добив најдобриот напаѓач кој сум го тренирал“, изјави Ворнок.

Бојан Миовски оваа сезона постигна 22 гола и забележа четири асистенции на 36 натпревари одиграни за Абердин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови